На вториот круг од локалните избори, право на глас имаат 833.716 гласачи

од desk4

Вкупно 833.716 гласачи ќе имаат право на глас на 1.517 избирачки места во 35 општини за вториот круг од локалните избори закажани в недела, на 29 октомври, информираат од ДИК.

Утре, од 7 до 19 часот, ќе гласаат избирачите кои се на издржување казна затвор или се во притвор. На гласачките места во 13 казнено-поправни установи, своето избирачко право ќе можат да го остварат 939 гласачи.

Во текот на утрешниот ден, своето избирачко право во единствениот центар за внатрешно раселени лица ќе можат да го остварат и осум гласачи кои се водат како внатрешно раселени.

Утре ќе гласаат и 1.435 лица кои се болни или немоќни или во куќен притвор, а до општинските изборни комисии доставиле известувања со соодветна документација.

Изборите ќе ги следат вкупно 5.101 домашни, 473 странски набљудувачи, 315 преведувачи и 20 странски новинари.

Слични содржини