Државниот и приватниот сектор ќе бидат целосно парализирани  поради 24-часовен штрајк, свикан на повик на двата главни синдикати кои ја обвинуваат владата дека ја напуштила предизборни заложби.грци с

Тие протестираат против  промените во пензиско-осигурителниот систем и мерките за зголемување на даноците и намалување на пензиите, кои се услов за добивање на финансиска помош.

Во штрајкот ќе учествуваат вработените во министерствата, даночните служби, осигурителните и осигурителни фондови и каси, општините, банкарски службеници, професори, трговци, адвокати, лекари, фармацевти, новинари , пилоти и транспортери

грци

Државните и општинските институции ќе останат затворени во текот на целиот ден.Истото важи и за повеќето болници и аптеки. Поради штрајкот е изменет распоред на јавниот транспорт, запираат возови и авиони, затворени ќе останат и музеите. Ќе штрајкуваат и новинарите, кои ќе го покриваат  само настаните поврзани со протестот.
Штрајкот има поддршката на сите големи синдикати – ADEE и GSEE на работниците во јавниот и приватниот сектор, како и на комунистичкиот “Панелинистичкиот борбен фронт”.

Планирани се собири во центарот на Атина. Протести ќе има уште во Солун и сите други поголеми грчки градови.

Грците протестираат против третиот меморандумот потпишан со кредиторите, според кој владата на Ципрас се обврза да спроведе реформи, изразувајќи се во драстични отпуштања и штедење – во замена за ново кредитирање во износ од 86 милијарди евра.

Мерките вклучуваат намалување на пензиите и платите, зголемување на даноците и воведување на новиштедења.

Слични содржини