Повеќе од 10 000 туристи  го набљудуваа целосното затемнување на Фарските Острови, дел од Данска, каде беше  најдобро место во светот за набљудување на невообичаени природна појава.

Затемнувањето го  набљудуваа туристи и научници, вооружени со телескопи, камери и специјални очила. Во последните неколку дена 48-илјади население на 18-те карпести островот меѓу Шкотска и Исланд се зголеми за 10 000 луѓе.

Според претставници на локалните туристички агенции “таму никогаш немало толку многу луѓе”. Но тоа не пропуштија да го  искористат сопственици на хотели, чии цени драстично се зголемија, а на пристаништето во Фарорската престолнина Торсхавн дури и се појави ферибот – туристичка вила. Локалните продавници се полни со сувенири поврзани со астрономскиот  феномен.

Жителите на копното на Данска не успеаја целосно да уживаат на затемнување, бидејќи небото беше покриено со облаци. / ТАСС

Слични содржини