Мигрантскиот бран на балканската рута продолжува да се засилува, иако се уште е зима. Од почетокот на оваа година 110 000 мигранти влегле во Европа, главно од Турција во Грција.

rhodes
Во Грција според податоците на нејзините власти околу 4.000 мигранти се наоѓаат во пристанишниот град Пиреја, а властите не им дозволуваат со автобуси да стасаат до границата со Македонија. Во бегалскиот камп Идомени до македонската граница има 2000 бегалци, кои сепак не можат да влезат во Македонија , откако земјава ја зајакна контролата на границата. Други 3.000 лица се наоѓаат на 20 километри од границата во очекување да им биде дозволено да продолжат кон Македонија.

Слични содржини