Најмалку 219 лица загинале, обидувајќи се да стигнат до Европа преку Средоземното Море во првите недели од 2017 година, соопшти Меѓународната организација за миграција (МОМ), јави ДПА.

Организацијата ја истражува информацијата за удавените мигранти во текот на викендов, што може да ја зголеми бројката за уште околу 200 загинати.

Сто и осумдесет лица засега се водат како исчезнати во бродоломот покрај бреговите на Либија во саботата, според четворица преживани патници.

Податоците на МОМ покажуваат дека 2.876 мигранти стигнале во Европа преку море во периодот од 1 до 15 јануари во однос на 23.664 во првите две недлеи на јануари минатата година.

Слични содржини