Над 30 милиони шверцувани цигари, чија дестинација била Македонија, запленети во две грчки пристаништа

од Vladimir Zorba

index-84

Грчки цариници заплениле контејнери во пристаништата во Пиреја и во Солун со шверцувани цигари чија крајна дестинација требало да биде Македонија, објави Катимерини.

 Пратката во Солун била во два контејнера, декларирани како шишиња со вино, кои содржеле 23,4 милиони цигари чија предност е 4,16 милиони евра.

Во Пиреја е запленет контејнер деклариран со мебел, а во кој имало 10,85 милиони цигари во вредност од околу два милиона евра.

Според соопштение на Царината, крајна дестинација на двете пратки требало да биде Македонија.

Слични содржини