Над 440 луѓе загинаа во земјотресот во иранската провинција Керманшах

од Vladimir Zorba

  Бројот на загинати во земјотресот што синоќа го погоди реонот на иранско-ирачката граница, во иранската провинција Керманшах, се искачи на 445 лица, а повредени се приближно 7.370 луѓе, соопштија иранските спасувачките служби.

Епицентарот на земјотресот со интензитет од 7,2 степени според Рихтеровата скала бил во Ирак, во близина на границата со Иран, на околу 50 километри од иранскиот град Сарпол е Захаб, каде загинаа 280 луѓе. Во соседниот округ Далаху сто проценти се уништени неколку села.

Земјотресот бил почувствуван и во Багдад и неколку ирачки провинции, каде загинаа осум лица, а повредени се 336 луѓе.

По првиот потрес од 7,3 степена според Рихтерова скала, имало 50 последователни потреси со интензитет од 3,6 до 4,7 степени, а се очекува да има уште.  

Слични содржини