Над 60 ученици затруени со чад во Голо Брдо

од desk4

Со јаглероден диоксид се затруле најмалку 60 ученици од средното училиште во село Шупензи во албанската област Голо Брдо.

Дел од затруените се хоспитализирани во болниците во Пешкопеја и Булќиза, додека тројца ученици, кои што биле во потешка здравствена состојба биле транспортирани во Тирана.

Поради макадамскиот пат со кој што областа е поврзана со Пешкопеја и Булќиза, во транспортот помагале и хеликоптери.

Учениците имале симптоми на труење од чад, како што се болки во главата, повраќање и вртоглавица. Тие биле на настава кога бил ставен во функција новиот котел од системот за парно греење на пелети, а блокираниот оџаг ги наполнил училниците со штетниот гас.

Градоначалникот, Мелаим Дамза изјави дека станува збор за несреќен слчај, бидејќи при тестирањето се било во ред.

Слични содржини