Над 80 загинати во ураганот Харви во Тексас

од Vladimir Zorba

   Веројатно над 80 лица загинаа при ударот на ураганот Харви во Тексас пред три недели, предизвикувајќи катастрофални поплави, соопшти гувернерот на оваа американска сохузна држава Грег Абот.

– Имаме извештаи за 82 жртви, изјави Абот на прес-конференција, но дополни дека се уште се очекува потврда од локалните власти дека сите смртни случаи се предизвикани од невремето.

Претходно беше соопштено за околу 60 жртви на ураганот, кој при преминувањето над Тексас на 25 август беше со категорија 4 и беше окарактеризиран како најмоќниот во последните 50 години.

Во стихијата се оштетени или разурнати близу 140.000 домови.

Слични содржини