Надал експресно до осминафиналето во Шангај

од desk4

Светскиот рекет број еден Рафаел Надал денеска со убедливи 2-0 , по сетови 6:2 и 6:2 го победи Џаред Доналдсон (САД) за само 54 минути игра и обезбеди место во осминафиналната фаза на Мастерсот во Шангај, Кина.

Следен противник на Шпанецот ќе биде италијанскиот тенисер Фабио Фоњини.

Досега се формирани уште четири осминафинални пара:
Гигор Димитров – Сем Квери,
Јан-Ленард Штруф – Алберт Рамос,
Хуан Дел Потро – Александер Зверев и
Жил Симон -Ришар Гаске.

Слични содржини