Рафаел Надал успеа да се пласира во финалето на турнирот што се игра во Хамбург откако попладнево убедливо со 2:0 во сетови (6:1 и 6:2) го победи Андреас Сепи.

nadal

Ова за Надал ќе биде 96.то финале во кариерата. Во текот на вториот сет Надал побара и медицинска пауза, а по укажаната помош успешно го заврши мечот.

Негов ривал во борба за 47. трофеј на земјена подлога ќе биде Фабио Фоњини, кој со 2:0 во сетови (6:2 и 7:6) беше подобар од Лукас Пуил.

Една од причините поради која Надал настапува на овој турнир е тоа што од организаторот доби „награда-бонус“ во вредност од 500.000 евра, додека наградниот фонд на турнирот изнесува 1.190.700 евра. /MIA

Слични содржини