Шпанскиот тенисер Рафаел Надал, кој на Олимписките игри во Рио го загуби мечот за 3.место и остана без медал во поединечна конкуренција, изјави дека неговиот ривал од тој меч, Кеи Нишикори од Јапонија не се однесувал спортски.надал

– Паузата на Нишикори не беше баш најдобра особено кога е во прашање спортскиот дух, но за тие работи треба да има супервизор. На Игрите сакав да уживам колку е можно повеќе, но ИТФ не го направи најдобро распоредот. Се гледаше само интересот на телевизиите, а не и на играчите. Морав да се повлечам натпреварувањето во мешани двојки само заради тоа.

Двајцата тенисери заедно со Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј се меѓу фаворитите за освојувањето на титулата на УС Опен што почнува во понеделник.

Слични содржини