Надал подобри личен рекорд

од desk4

Лидерот на светската АТП листа и 10-кратниот шампион на „Ролан Гарос“, Рафаел Надал подобри личен рекорд.

Шпанецот, кој денеска полни 32 години, го освои вчера 35-тиот последователен сет на Отвореното првенство на Франција. Претходниот рекорд на освојувачот на 16 Гренд-слем титули беше 32 последователни сетови освоени во 2007-2009 година.

Рекордот за најмногу последователни сетови на турнирот од „големата четорка“ во Париз се уште се држи од шведската легенда Бјорн Борг – 41 (во периодот 1979-1981 година).

Вчера Надал го декласираше со 6:3, 6:2, 6:2 Французинот Ришар Гаске во натпревар од третиот круг и во осминафиналето ќе игра со Германецот Максимилијан Мартерер.

Слични содржини