Надал против Тием во четвртфиналето на Мастерсот во Рим

од Vladimir Zorba

 

Рафаел Надал во четвртфиналето на Мастерсот во Рим ќе игра против Доминик Тием откако двајцата тенисери синоќа постигнаа победи во осминафиналето. Ова за нив ќе биде трет меч во последните 20 дена, а на преходните два победи Надал.

Шпанскиот тенисер во осминафинале го совлада Џек Сок со 2-0 во сетови (6:3 и 6:4), додека Доминик Тием беше поуспешен од Сем Квери со 2-1 во сетови (3:6; 6:3 и 7:6)и тоа беше единствениот осминафинален меч што се одигра во три сета.

Во другите четвртфинални мечеви ќе играат: Џон Изнер – Марин Чилиќ, Александар Зверев – Милош Раониќ и Новак Ѓоковиќ – Хуан Мартин Дел Потро.

На женскиот дел од турнирот денеска ќе играат исто така четвртфинални мечеви, а двојките се: Симона Халеп – Анет Контавеит, Кики Бертенс – Дариа Гаврилова, Јелена Свитолина – Каролина Плишкова и Венус Вилијамс – Гарбине Мугуруза.

Слични содржини