Надвор од животна опасност е лицето кое беше повредено во крвавата трагедија во Глумово

од Vladimir Zorba
Повредениот од вчерашното грозоморно убиство во Ѓорче Петров бил исто така внук на убиецот. Со брза помош бил донесен во ГОБ „8 септември“, со куршум во левата рака. По извршената операција на одделението за дигестивна хирургија, сега е надвор од животна опасност. Веќе дал и исказ пред полицијата.
Од министерството за внатрешни работи велат дека се уште работат на истрагата. Според првичните информации, на убиството им претходеле семејни недоразбирања.
Во текот на целиот ден вчера се правеше увид од страна на надлежните. Телата на починатите се веќе дадени на обдукција, а материјалните докази од местото на настанот меѓу кои и пиштолот од кој било пукано се дадени на вештачење.
Расправијата меѓу 47 годишниот Скопјанец и неговото семејство започнала во домот на неговите синови во Ѓорче Петров. Таму се сретнал со внуците во кои пукал. Двајца од нив починале на лице место. Потоа се вратил во селото Глумово каде на среде улица пукал во сопствениот брат кој бил во автомобил. Во меѓувреме дошла и полицијата, но секунди пред да го уапсат С.Ш. си го вперил пиштолот во гради и се самоубил. Жителите вчера беа видно потресени особено поради тоа што се подготвуваа за славање на Рамазан Бајрам.
Од ЈО соопштија дека интензивно се работи на целосно расветлување на настанот и утврдување на мотивите.

Слични содржини