Нафтогаз ќе оди на суд во обид да ги искористи средствата на Газпром

од desk2

Украинската компанија „Нафтогаз“ ќе оди на суд со цел да се обиде да ги искористи средствата на „Газпром“ во Европа, вели заменик-директорот на „Нафтогаз“ Јуриј Витренко.


Оваа закана дојде откако руската енергетска компанија не ја изврши уплатата што и ја наложи меѓународниот арбитражен суд.

– Јасно е дека тие не сакаат да платат, така што ќе почнеме со заплена на нивниот гас и други средства на „Газпром” во Европа, не и во Украина. Ќе одиме на суд во Европа, изјави Витренко.

Меѓутоа, додаде дека „Нафтогаз“ нема да бара заплена на рускиот гас кој преку Украина оди до европските потрошувачи.
„Газпром“ одбива да плати на „Нафтогаз“ повеќе од 2,5 милијарди долари, според одлуката на Арбитражниот суд во Стокхолм да се исплати сумата за „да се стави крај“ на долгата правна битка меѓу двете компании.
Сепак, „Газпром“ се жалеше на одлуката која не е предмет на арбитража и побара откажување од договорот со Украина за транзит на гас.

Од јуни 2014 година, „Газпром“ и „Нафтогаз“ се појавија пред Стокхолмскиот арбитражен трибунал, а предмет на побарување се договорите за снабдување со гас од Русија и нејзиниот транзит низ Украина од 2009 година.

Слични содржини