Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ (29-31 мај) и организаторот, издавачката куќа „Икона“ со нескриено задоволство го најавуваат добитникот на наградата „Прозарт“ за 2016 година – вистинската книжевна ѕвезда од овие простори и најпреведуваниот современ бугарски прозен автор – Георги Господинов!

133184708-57490

Писателот на 31 мај во Даут пашин амам ќе ја прими наградата која фестивалот му ја доделува за авторски допринос кон развојот на книжевноста на Балканот. Фестивалот има чест да го претстави и претставникот од Македонија на овогодишното издание – академик Луан Старова, чиј најнов роман „Враќањето на козите“ беше објавен неодамна а се работи за своевидно продолжение на „Времето на козите“, дело кое досега e преведено на повеќе од дваесет јазици.

Слични содржини