Хан е во Скопје. Тоа е тој денешниот ден кој одамна се најавува. Тој првин ќе ги ислуша поединечно а потоа сите заедно,  ќе стават се на маса за датумот 24 ти , за новата влада за медиумскиот (де) баланс. Ќе пробаат сите за  24 ти и Хан и останатите.

хан

Очекувам неисполнетите елементи од политичката спогодба да бидат решени пред или за време на мојата посета што ќе им овозможи на изборните власти да организираат кредибилни избори според договорениот временски распоред“, наведе Хан пред неговата посета на Скопје.

Македонскиот премиер Никола Груевски, како што најави во вчерашното обраќање до јавноста, денеска ќе ја депонира оставката кај претседателот на Собранието Трајко Вељановски како дел од договорот од Пржино за решавање на политичката криза во земјата. Според тој договор, преодна влада треба да биде формирана најдоцна до денеска за да можат вонредните избори да се одржат на 24 април.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев  веднаш по обраќањето на премиеот и најавата за депонираната оставка закажа прес конферници ја и истакна дека изјава на премиерот Никола Груевски е директно признание дека поради него и неговата партија не се исполнети клучните делови од договорот од Пржино и оти тој е причината за политичката криза во Македонија. Според него, Договорот од Пржино е кристално чист предизборен и изборен процес и тоа, како што нагласи, мора да се рализира.

Никола ти не си Македонија

„Човекот кој што одлучуваше за животот и смртта и кој може слободно да живее во Македонија, а кој не. Човекот кој заедно со неговата фамилија и братучедот Мијалков и кумот Ставрески узурпираше се за свое лично богатење јасно му е дека на тоа денеска му дојде крајот. Никола ти не си Македонија. Ова не е крај. Ова е почетокот на крајот на една корумпирана, фамилијарна, расипничка и недомкратска власт“, рече Заев.

Тој ги повика сите граѓани на Македонија за сите заедно да ја вратат слободата, демократијата, правдата и европските вредности во земјата. Заев не посочи дали тој се согласува изборите да бидат одржани на 24 април или пак тие ќе бидат одложени.

 

Емил Димитриев премиер

Пратеникот на ВМРО ДПМНЕ, Илија Димовски  пак на вечерашната прес конференција изјави дека Централниот комитет на партијата донел едногласна одлука на чело на преодната влада која што треба да ги организира изборите да застане генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Емил Димитриев. Тој воедно нагласи и дека комитетот му дал целосна поддршка на претседателот на партијата Никола Груевски за постапките кои ги преземал. Според него, владејачката партија и на следните избори ќе настапи со Груевски.

„Нашата намера е да го затвориме овој деструктивен период и да се фокусираме на она што е приоритет на граѓаните. Во согласност со законите, премиерот на актуелната влада поднесува оставка 100 дена пред изборите“, рече Димовски.

На прашањето доколку опозицијата побара одложување на изборите, Димовски одговори дека се надева оти „кај СДСМ ќе надвладее разумот“.

И сега на ред е Хан.Одлуката веројатно ќе се каже на крајот на денот, пред неговото заминување.

Слични содржини