Најава за протест пред француската амбасада за ослободување на Харадинај

од Vladimir Zorba
 За денеска е најавен протест пред француската амбасада за ослободување на Харадинај
 

Пред Амбасадата на Франција во Скопје денеска повторно повик за протести на поддржувачите на Рамуш Харадинај, по неговото приведување од француската полиција.

Харадинај неoдамна беше уапсен од француските власти по потерницата на Интерпол на српските власти.

„Апсењето на поранешниот косовски премиер ќе има и политички последици. Водачот на Алијансата за иднина на Косово, Рамуш Харадинај е познат по неговите демократски ставови и прозападна ориентација. Неговото апсење од страна на француските власти е акт спротивен на меѓународното право“, се вели во прогласот за денешниот  протест и се потсетува на „вековната геноцидна политика на Србија во однос на Албанците“.

„Суштината на оваа политика е експанзија, хегемонија, доминација, политика на моќ, репресија, експлоатација, депортација и етничко чистење. Нема разлика во политиките на Томислав Николиќ, Александар Вучиќ и Ивица Дачиќ, со оние на Караѓорѓевиќ, Никола Пашиќ и Милошевиќ. Српската политика денес, поткрепена од Српската православна црква е антизападна и проруска. Србија, политичкиот сателит на Русија, продолжува да биде главен фактор на кризата во регионот. Апсењето на Харадинај се заканува и со прекин на разговорите меѓу Приштина и Белград. Вашингтон и Берлин треба итно да се вмешаат во овој случај и од француските власти дапобараат итно ослободување на Харадинај… Србија е домашно милениче на Франција уште од 1914 година, односно од Првата светска војна. Меѓутоа, француските власти треба да знаат дека денешните нивни ученици водат ретроградна, анахрона и антидемократска политика“, пишува во прогласот.

Ова е веќе втор протрест во Макеоднија .Унијата на студенти Албанци веќе (6 јануари) одржаа протест пред француската амбасада во Скопје со барање за ослободување на Рамуш Харадинај.

Од друга страна француската амбасада има засилено обезбедување во последните месеци порадиможни  атаци  и напади во светот од страна на припадници и симпатизери на Исламската држава.

Истовремено и Србија повика на будност и побара највискои  безбедносни мерки за своите амбасади во светотот под образложение дека имаат информации дека е можно некоја  нивна амбасада да биде освоена од страна на следбеници на Харадинај, терористи или оние кои бараат негово ослободување.

Министерството за надворешни работи на Србија побарало од одделни држави да го засилат обезбедуавњето на српските дипломатски претставништва, што според безбедносни информации, се потенцијални цели на албански терористи.

Дипломатите во тие држави добиле од Белград прецизни инструкции дека мерките за безбедност се на највисоко ниво.

Засега не се размислува за повлекување на персоналот, но им е сугерирано активирање посебни планови за кризни ситуации што ги има секоја амбасада. Амбасадорите се обврзни за сите контакти и движења првично да го информираат Министерствота и по потреба домаќините, за да биде нивната рута обезбедена, објави „Вечерње новости“.

На дипломатите им е сугерирано да избегнуваат јавни настани и движењето да го сведат на најмала можа мерка.

Засега засилено обезбедување е побарано од властите во Швајцарија, Турција, Германија, Италија и Белгија.

 

Слични содржини