Најден бокал стар 4.000 години со смајли на него

од desk2

Археолозите кои работат на југот на Турција дојдоа до необично откритие – бокал за вода стар 4.000 годна на кој е исцртан смајли, смешко.


Последните седум лета, тим турски и италијански археолози работат на археолошко земјиште на границата Турција со ССирија, на местото каде некогаш се наоѓал градот Каркемиш. Таму ископале енен бокал на кој бил исцртан сега популарниот емотикон смајли.

„Нема сомнеж дека тоа е смајли. На него нема други траги од боја, а самиот бокал е необичен за античката керамика која претходно ја наоѓавме“, вели Николо Марчети од Универзитетот во Болоња.

Пронајдени се неколку предмети кои се користеле за подготовка на храна и пијалоци пред повеќе од 4.000 години. Дека на бокалот има смајли сфатиле дури откако бокалот го однесле во лабораторија за реставрација.

Античкиот бокал со смајли ќе биде изложен во Археолошкиот музеј во Газиантеп.

Слични содржини