Најдено телото на новинарката Ким Вал, без глава, нозе и раце

од desk2

Во водите на Данска, најдено е телото на исчезнатата новинарка Ким Вал, а ДНК анализата потврдила дека се работи за торзото на 46-годишната новинарка, која последно беше видена на подморницата Наутилус, на бизнисменот Петер Мадсен.


На официјалниот Twitter профил на данската полиција стои дек ДНК на торзото одговара на онаа од Ким Вал.
Телото без глава, нозе и раце најдено е покрај брегот на островот Амагер во понеделник попладне, а полицијата тврди дека главата, нозете и рацете се намерно отсечени.

Вал последен пат е видена на 10 август, кога со изумителот Петер Мадсен отишла на патување со неговата подморница. Таа потонала неколку часа подоцна, а Мадсен е обвинет за убиство од немарност.

Иако првично рече дека Ким ја однесол на сигурно на копно во близина на Копенхаген, подоцна рече дека таа умрела во несреќа, а тој ја „погребал“ в море.

Новинарката со данскиот бизнисмен правела приказна за неговата подморница долга 18 метри во која тој вложил 200.000 долари.

Се очекува полицијата во Копенхаген денеска да одржи прес-конференција. На Мадесн му беа одредени 24 дена притвор.

Слични содржини