Неколку автомати Калашников се најдени во напуштен автомобил, за која се верува дека бил користена од терористите во Париз. Ова го соопшти Франс прес, повикувајќи се на судски извори.

2110931699

Автомобилот – црн “Сеат”, беше пронајден утрово во париското предградие Монтрој откако сведок го опиша автомобилот употребен од напаѓачите, кои нападнале кафуле и ресторан во центарот на француската престолнина.

Најдениот автомобил ги засилува сомневањата дека дел од напаѓачите избегале.

Во меѓувреме, полицијата приведе на сослушување осум лица, членови на семејството на Омар Мостефаи, идентификуван како еден од извршителите на масакрот во концертната сала “Батаклан”. Меѓу уапсените се таткото и братот на бомбашот-самоубиец, како и сопругата на неговиот брат.

Францускиот премиер Мануел Валце соопшти дека досега се идентификувани 103 од 129-те жртви на нападите. Подоцна во текот на денот во катедралата “Париска Света Богодорица” ќе има посебна служба за семејствата на загинатите, за повредените и преживеаните од нападите.

Петмина се приведените во Брисел за поддршка за нападите во Париз.

Тие се уапсени во синоќешната полициска операција во квартот “Моленбек” во Брисел, соопшти градоначалникот на реонот Франсоаз Шепманс. Приведените се учесници во терористичка “ќелија”.

Слични содржини