Најдобрите руски пилоти направија скандал за кој зборва цела Русија

од desk2

Петнаесет руски пилоти на цивилната авијација направија голем скандал кога на една журка танцуваа полуголи со Бени Бенаси. Снимката брзо се најде на социјалните мрежи, а дисциплинската комисија се уште не пронашла адекватна казна.

Пилотите на снимката која е направена во најценетата тренинг академија во Русија, направија пародија на ЛГБТ спотовите, во садо-мазо костими со наслов „Зошто е подобро да не летате со авион“.

Иако помладите кориснички на социјалните мрежи беа одужевени од нивното мешање со задниците и извајаните тела, остатокот од Русија се згрозува. Петр Тимофеев, командант на единицата и дисциплинската комисија на авијацијата вели дека не сака да го коментира однсувањето на руските пилоти.

„Седам во канцеларија и не знам што да направам. Ќе го решиме ова како што знаеме. Во авијацијата сум 20 години и прв пат гледам нешто вакво. Снимката ме боли затоа што толку вложивме во овие момчиња, а тие ни враќаат вака“, вели тој.

Со оглед на тоа дека пилотите се гордост на модерна Русија, оформена е посебна комисија која ќе одлучи на кој начин ќе ги казни младите пилоти.

Слични содржини