Најдобро за Вучиќ, најлошо за Брнабиќ

од Vladimir Zorba

  

 

Јасно е дека меѓу сите кандидати за мандатор на новата Влада на Србија, од аспект на јавниот интерес, Ана Брнабиќ беше најдобар избор на Александар Вучиќ.

Исто така, извесно е дека голем дел од јавноста, кои критички ја гледаат работата и функционирањето на извршната власт се уште не веруваат дека Ана Брнабиќ, со оглед на биографијата и професионалните квалитети кои ги поседува, би била соодветен клучен носител на политиката на досегашниот премиер, денес претседател на Србија.

И покрај нејзините идолопоклонички изјави за Вучиќ и неговата политика, таа во јавноста се уште има реноме на некој кој не е толкав полтички идиот и слуга подготвен целосно да го стави сопствениот интегритет во служба на еден владетел, како што е тоа случај со некои други луѓе на претседателот.

Посебно е интересно каков впечаток стекнала за начинот и приликата во која Александар Вучиќ и соопшти на јавноста дека таа е негов избор за првиот човек на Владата.

Се чини дека на таа конференција за новинарите го покажа карактерот на владеење на Вучиќ во полно светло. Мафтањето на фотографии од граѓаните објавени во таблоидите, изнесувањето на лажни информации, баналното и провидно вадење од контекст и префлувањето на приказните во сопствена корист, нападот на новинарите, навредувањето на медиумите, како и евидентното издавање на наредби на некои медиуми да поставуваат прашања во кои го величаат неговиот лик и дело, наспроти оцрнувањето на обичните луѓе.

Именувањето на Брнабиќ исто така остана во сенка на обидот на Вучиќ да го оправда насилството на своите партиски силеџии над новинарите и граѓаните во текот на неговата инаугурација. Многу тесниот простор во кој целосно не се посвети на овој случај, претседателот на Србија го исполни со националистички говор и со „србување”.

Со оглед на претпоставениот степен на разумност и од очекувањата дека не може да се замисли прилика во која Ана Брнабиќ може да застане во одбрана на тој кој ја именуваше за мандатар, кога се бави со политички и човечки нечести работи, преостанува да се почекаат прилики во кои таа ќе и соопшти на јавноста што мисли за таквите случаи.

Меѓутоа, изгледа дека тоа што се гледа како нејзин квалитет – отсуството на политичко искуство и лошиот контекст кој произлегува од тоа – всушност преминува во своја спротивност, поради подготвеноста да се премине преку сите афери кои го следат претседателот и неговата екипа на власт и да се застане на чело и во првите редови на неговото владеење.

Карактерот на владеењето на Вучиќ успеа да го обесмисли дострелот во областа на човековите права – првата жена на чело на Владата на Србија, односно првото јавно декларирано ЛГБТ лице на највисоката државна функција.

Сепак, најважно од се, кога станува збор за иднината на граѓаните на Србија, се однесува на најавите на Ана Брнабиќ дека ќе продолжи со истата економска политика на довчерашниот премиер, која освен што во најлоша позиција ги става најсиромашните, таа е оптоварена со корупција и афери.

Слични содржини