Ќе ослабнете ако за појадок јадете…

од desk3

Изедени две јајца за појадок може да е најлесен начин за поефикасно слабеење, пишува “Дејли експрес”. Истражувањето објавено од библиотеката на американските Национални здравствени институти, покажа дека на тој начин човек слабее со 65 проценти повеќе за осум недели, отколку ако само ја ограничувате храната.

Во истражувањето учествувале доброволци кои биле поделени на четири групи, од кои две ја почитувале диета. Едните доручкуваат две јајца (340 калории), а другите – гевреци со истата енергетска вредност. Само по осум недели групата, што доручкуваат јајца, имала со 61 проценти поголемо намалување на индексот на телесната маса.

Ако човек не ја почитува диетата, јајцата не можат да ја намалат тежината. Јајцата се многу корисни и за постарите лица кои често не внесуваатдоволно протеини со храната.

Слични содржини