Трета година по ред, агенцијата Баги Комуникации се приклучуваат кон светската прослава на Меѓународниот Ден на Џез музиката, кој се прославува на 30 април. Оваа година Баги Комуникации и Skopje City Mall, со концерт заедно ќе го одбележат Меѓународниот Ден на Џез музиката.  International Jazz Day

За време на Генералната конференција на УНЕСКО во ноември 2011, меѓународната заедница го прогласи 30 април за Меѓународен Ден на Џезот.

Намерата на прогласувањето на Меѓународниот Ден на Џезот е зголемување на свеста кај меѓународната заедница за вредностите на Џез музиката како едукативна сила, алатка за промовирање на мирот, заедништвото, дијалогот и зајакната соработка помеѓу луѓето.

Денот на Џезот за прв пат e прославен во април 2012 година под лидерство на Херби Хенкок, една од легендите на светската Џез сцена и Амбасадор на добрата воља на УНЕСКО.

Концертот ќе се одржи на 30 април, пред Skopje City Mall, на отворен простор, ќе биде бесплатен за посетителите и ќе започне во 18 часот.

Учесници на концертот ќе бидат Марти Ивановски, Bass & Glas, Ади, Дино и Џоле Трио и Давид Нешковски Трио.

Овогодинешната прослава на Меѓународниот Ден на Џезот ќе биде посветена на прерано починатиот македонски џез музичар Јовица Јовановски и на кубанскиот перкусиониста Оскар Салас, кој последните години од својот живот ги помина во Македонија. И двајцата музичари беа дел од минатогодишната прослава на Баги Комуникации.

Слични содржини