Најголеми давачките за вработени во финансиите и осигурувањето

од desk2

Годишниот просек на издатоци на работодавач по вработен во Македонија во 2016 година изнесувал 398.242 денари, објави денеска Државниот завод за статистика.


Најголем годишен просек на издатоци на работодавачот по вработен во Македонија има во секторот „финансиски дејности и дејности за осигурување“ и изнесува 695.297 денари.

Во 2016 година, годишниот просек на издатоци на работодавач по фактички одработен час во Македонија изнесува 229 денари, а годишниот просек на одработени часови по вработен е 1.740 часови.
часови.

Државниот завод за статистика укажува дека првпат при обработката на податоците од истражувањето Анкета за цената на трудот спроведено во 2017 за податоци за 2016 година е користен комбиниран метод (Управа за јавни приходи и Централен регистар)

Слични содржини