Најголемиот SSD во светот собира 100TB податоци

од Vladimir Zorba

Тоа не траеше долго – само еден месец откако Samsung објави SSD со рекорден капацитет од 30TB, веќе ја загуби круната. Новиот господар на дисковите се нарекува ExaDrive DC100 и е дело на Nimbus Data.

Тој располага со огромен 100TB простор во стандардна 3,5-инчен SATA-форма. Колку за споредба, тоа се 20 милиони песни во уред, што можете да го ставите во вашиот домашен компјутер.

Не дека наскоро ќе ја имате оваа можност, за жал. Како што можете да претпоставите, DC100 е наменет за сервери каде капацитетот има приоритет над сè друго, вклучувајќи и за работа.

Цената е непозната, но тоа најверојатно ќе биде како онаа кај останатите наменети за бизнис SSD според понудените терабајти. Тоа значи дека лесно ќе достигне десетици илјади долари, што може да биде финансиска дилема дури и за оние компании кои можат да си го дозволат тоа.

Првите испораки на ExaDrive DC100 ќе започнат од лето.

Амбициите на Nimbus Data се ExaDrive DC100 еден ден да стане соодветно решение за облачни услуги, софтвер со вештачка интелигенција и други технологии, кои имаат потреба од обработка на големи количини на податоци.

Слични содржини