Најмалку 10 лица загинаа, а околу 40 други се ранети вечерва при двоен самоубиствен напад на истанбулскиот аеродром „Ататурк“, јави Би-Би-Си.4915092

– Според прелимимарните податоци загинаа 10 луѓе, изјави турскиот министер за правда Бекир Боздаг.

Турските медиуми јавуваат дека нападите ги извршиле двајца бомбаши самоубијци кои пред локацијата за безбедносна проверка на влезот на меѓународниот терминал на аеродромот ги активирале експлозивите што ги носеле на себе.

Министерот Боздаг нагласи дека според сознанијата со кои располага, едниот од напаѓачите прво почнал да пука од автоматска пушка, по што се саморазнел.

Според медиумските извештаи, полицајците задолежни за обезбедување на аеродромот стрелале кон напаѓачите и „ги неутрализирале“.

Телевизијата Хабертурк јави дека дел од повредните лица при нападите, кои се пренесени во болница, а се наоѓаат во критична состојба. 1467143203-sistemen-bufer-3

Според непотврдени информации, истрели се слушнале и од паркингот на „Ататурк“, кој е најпрометен и најголем аеродром во Турција.

Електронското издание на весникот „Хуриет“ објави дека турскиот премиер Бинали Јилдирим наредил формирање кризен штаб во врска со нападите на истанбулскиот аеродром.

ТАСС претходно, повикувајќи се на изјави на очевидци, јави дека по експлозиите и истрелите што се слушнале на аеродормот, четири вооружени лица побегнале од аеродромската зграда, но оваа информација не е официјално потврдена.

(ВИДЕО) Нов терористички акт: Експлозии на аеродромот Ататурк во Истанбул, има жртви

Телевизискиот канал Си Ен Ен цитира свои извори од полициските кругови, според кои двајца биле запрени на едно од местата со детектори за метални предмети. За време на проверката обезбедувањето разбрала дека тие се терористи и почнале   пукања, но тие се саморазнеле .  Сведоци раскажуваат дека на аеродромот се испратени околу 30 амбулантни возила. 1467146909-101947756-ambulances-arri

Повредените, меѓу кои и полицајци, се транспортираат во државна болница. Според официјални лица двајца бомбаши-самоубијци се кренале во воздух на аеродромот. И двете бомби избувнале надвор од зградата на аеродромот, рече министерот за правда. Едниот бомбаш се разнесе пред терминалот за полетување меѓународни летови, а другиот – на местото за проверка на патниците. Извор од турските власти, кој побарал анонимност, открил за весникот . “Дејли Сабах” дека безбедносните сили стрелале по осомничен на влезот на меѓународниот терминал на аеродромот во Истанбул, во обид да го неутрализираат. во меѓувреме, според податоците на Sky News Arabia турските безбедносни сили трагаат по трети потенцијален самоубиствен бомбаш, вооружен со автомат “Калашников”.”. Се претпоставува дека тој се наоѓа на територијата на меѓународниот аеродром “Ататурк”, кое беше погодено од две експлозии.Премиерот на Турција, Бинали Јилдирим нареди формирање на вонредна биро за инцидентот. Аеродромот “Ататурк” е еден  од двата најголеми  истанбулски аеродроми. Поради нападите сите летови на аеродромот се прекинати. Областа на аеродромот е изолирана

Последна информација е дека авионот на Туркиш ерлајнс на летот ТК 1006, што вечерва требаше од Скопје да слета во Истанбул е пренасочен кон аеродромот во Измир, покажуваат податоците на специјализираниот воздухопловен портал flightradar24.com

 

 

 

Досега никој не презеде одговорност за нападите. Изминативе месеци во Турција беа извршени неколку терористички напади за кои одговорност презедоа џихадистичката група Исламска држава (ИД) или бунтовничката Курдска работничка партија (ПКК).

Слични содржини