Бројката на загинатите во синоќешната железничка несреќа се искачи на 14лица, иако нема  потврда за конечните бројки  на загинати и повредени ,поради непристапноста на екипите на теренот, до кој се доаѓа исклучиво преку пругата.Возот удри во 50 члена група на мигранти кај Велес.пруга бес

 Несреќа  се случи синоќа  околу 22:30  на пругата  Велес – Скопје, информираат од МВР . Групата била составена од околу 50 мигранти кои се движеле во правец на Белград,  а пругата им била единствен патоказ за непознатиот терен.Несреќата се случила во близина на стојалиштето Пчиња кога меѓународниот воз налетал на групата мигранти која се движела по пругата.  Теренот е непристапен и спасувачките екипи  и од полицијата пристигнале со шинско возило.Возила за прва помош пристигнале и од Скопје, но нема пристап до местото  на несереќата поради што во текот на ноќта се активирани спасувачи од Дирекцијата за кризи.  Повеќе информации од МВР најавија во текот на денот.

Слични содржини