Најмалку 25 загинати при авионска несреќа во Колумбија

од Vladimir Zorba

Спасувачите  му даваат прва помош на дефанзивецот Алан Рушел кој се покажа прв преживеан во трагедијата.

5182899

Најмалку 25 лица загинаа во авионската несреќа во Колумбија, соопшти порталот “Ерлаjв”. Авионот летал за колумбискиот град Меделин од Боливија и припаѓал на боливискиот авиопревозник Lamia ( “Ламија”).

Според последните, но конечни податоци, 10 патници преживеале и се повредени. Авионот паднал во близина на градот Ла Унион, на летот имало 72 патници и 9 члена на екипажот.

avio-nesrekaСпоред првичните податоци причина за несреќата е недостиг на гориво. 27 од патниците се фудбалери и вработени од бразилскиот фудбалски клуб “Чапекоенсе” од град Шапеко, државата Санта Катарина.

Тимот летал за натпревар во вториот колумбиски град Меделин за натпревар со локалниот тим Атлетико Насионал во рамките на турнирот за јужноамерикански Куп. Претходно беше соопштено за финален натпревар од Купот, но тоа не се покажа точно. “Чапекоенсе” игра во Премиер лигата на Бразил, каде што го зазема 9-то место.

Меѓу преживеаните се  стјуардесата , дефанзивецот на тимот Алан Рушел и голманот Данило Падил , соопшти колумбиската радио RCN. Двајцата фудбалери се сместени во локалната болница, таму се очекува да биде и повредената  стјуардеса. 1480403509268cb5Радиото наведува дека 27-годишниот Рушел е со скршен колк и повреда во главата. Кои се повредите на 31-годишниот голман и на стјуардесата засега не се кажува. Во исто време деветмина фудбалери од “Чапекоенсе” не се качиле на авионот и така ја избегнале трагедија. Очигледно тоа се резерви или повредени, кои не биле вклучени во групата за натпреварот. / ТАСС

Слични содржини