Најмалку 42 загинати во терористички напад во близина на сирискиот град Ал Баб

од Vladimir Zorba

 

Најмалку 42 лица загинаа во самоубиствен напад со автомобил-бомба во близина на сирискиот град Ал Баб што се наоѓа во северниот дел од државата.

Нападот е извршен само еден ден откако бунтовниците поддржани од Турција соопштија за целосна контрола врз градот по борбите со екстремисти.

Меѓу загинатите 36 се опозициски борци и шестмина цивили, а има и голем број повредени.

Засега никој не презеде одговорност за нападот.

Слични содржини