Неколку илјади средношколци веќе се собрани на платото пред Фонтана во Градски парк, а колони со средношколци од сите улилишта се уште пристигнуваат по „Илинденска“ од двете страни на улицата.

srednoskolciFontana

Кон Градски парк, пристигнуваат и родители кои сакаат да издржат поддршка за своите деца против реформите кои им ги наметнува Владата.

Од тука средношколците ќе се упатат кон Владата, каде што треба да се сретнат со студентите, кои тргнуваат од платото пред УКИМ.

Од Владата сите заедно ќе се упатат кон Министерството за образование./ извор Радио МОФ

Слични содржини