Најмногу дожд падна во Куманово

од Vladimir Zorba

Најмногу дожд изминатите 24 часа е наврнат во Куманово, каде според мерењата на УХМР се регистрирани 22 литри на метар квадратен.

Поголема количина врнежи имало и во Скопје-Зајчев Рид 19 литри, во Скопје-Петровец 11, во Берово 8, во Крива Паланка 7, во Виница 5, во Дебар 3, во Ѓуриште 2 и во Лазарополе 1 литар на метар квадратен.

Од УХМР информираат дека времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени локални врнежи од дожд, особено во северната половина од земјава.

На одредени места ќе има услови за развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.

Доцна попладне облачноста ќе се намалува и врнежите ќе престанат насекаде. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Максималната температура ќе биде во интервал од 21 до 30 степени. УВ индексот ќе има вредност 6.

Од утре следува период на стабилно и потопло време. Дневната температура ќе биде во постепен пораст, но ќе се задржи во рамките на просекот за овој период од годината.

Слични содржини