Најмногу дожд во Берово, најстудено во Лазарополе, Маврово и Крушево

од Vladimir Zorba

До 8 часот утрово во Берово наврнале 24 литри дожд на метар квадратен, во Струмица 15, Дојран 12, Демир Капија осум литри, четири во Гевгелија, три литри во Крушево и по еден во Виница и Штип, информираат од УХМР.

Најстудено утрово е во Лазарополе, Маврово и Крушево каде се измерени 12 степени додека најтопло во Дојран со 20 степени потоа Гевгелија 19 па следуваат Битола, Тетово, Струмица, Претор, Куманово, Демир Капија и Скопје со измерени 18 степени. Во Охрид во осум часот измерени се 17 степени додека пак во Крива Паланка, Штип, Виница и Тополчани 16 степени.

Според синоптичарите денеска ќе биде облачно и свежо, со врнежи од дожд, кои во јужните и источните делови повремено ќе бидат поројни и пообилни со над 30л/м2.  Најдолго и континуирано се очекува врнежите да се задржат во југоисточните делови, каде количината на наврнат воден талог може да биде и поголема. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Температурите ќе се движат од 17 до 23 степени.

Во Скопје ќе биде облачно и свежо, со повремени врнежи од дожд и со умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура до 21 степен.

Локални врнежи од дожд се уште ќе има и утре претпладне. Во текот на денот ќе дува повремено засилен северен ветер. Од вторник следува период на стабилно време со пораст на дневната температура, која во петок ќе биде во интервал од 29 до 35 степени.

Слични содржини