Главната дирекција на полицијата наредила да бидат суспендирани 7850 вработени од целата земја, пишува информативниот сајт “Хаберлер”, повикувајќи се на пост во весникот “Хуриет”. Наредбата била издадена синоќа.1468647584-download

Цела ноќ полицајци биле повикувани во Управата за да го предадат своето оружје. Претстои да бидат преземени и судски постапки, пишува уште весникот.

Досега по обидот за преврат се приведени 103 генерали и адмирали. Судот треба да одлучи дали високите воени лица ќе останат во притвор. Силите за безбедност во Турција продолжуваат да трагаат и по други војници, кои имаат врска со обидот за државен удар во земјата. Според податоците на претставници на безбедносните структури се уште продолжува потрагата по вооружени војници во различни турски градови и околоградските области.

Во исто време се пријавени најмалку 99 лица кои се уапсени во Анкара за врски со преврат. Според “Хаберлер” меѓу уапсените во главниот град е и Бригадниот генерал од турските воздухопловни сили Хаки Еврин.

Претходно денеска Телевизискиот канал “Хабер Турк” го објави апсењето на 12 генерали и адмирали. Тие се обвинети за “обид за воен удар”, “атентат врз претседателот” и “намерно убиство на луѓе”. Пријавено е исто така дека некои војници избегале прек граница.

Слични содржини