Најстарата Белгијка Антуанет Мелиса наполни 108 години, објави електронското издание на весникот “Ле Соар”.4435912

Многу роднини и блиски дојдоа во домот за стари лица во Антверпен, каде што живее, за да ја поздрават. Впрочем, нејзината мајка и нејзината сестра, исто биле долголетнички, тие живееле до 99 и 104 години.

Уште четворица жители на Белгија достигнаа 108 години. Општо земено денес 11,2-милионската држава брои 2000 долголетници над 100-годишна возраст, а 90 проценти од нив се жени.

На фотографијата: Виетнамката Нгуен Тху Тру која има 122 години и најверојатно е најстарата жителка на планетата.

Слични содржини