Најстудено во Берово, максимални шест степени во Дојран

од Vladimir Zorba

   Утрово најниска температура од минус три степени е измерена во Берово, а максимална, шест, во Дојран.

Како што соопшти УХМР, -2 беше во Скопје Петровец и Струмица, -1 во Крива Паланка и Битола, 0 во Гевгелија, Куманово, Демир Капија, Прилеп, Скопје, Лазарополе и Тетово, еден степен во Штип, два во Пожаране, три во Охрид, Крушево, Тополчани, Претор и Маврово, четири во Ѓуриште и Виница и пет во Дебар.

Во западните делови од Македонија засега е облачно. По одделни котлини има магла и ниска облачност, а во јужниот дел на Повардарието и намалена видливост. Во попладневните часови најпрво во западните делови ќе има врнежи од дожд кои во текот на ноќта ќе се прошират и во другите делови, а на планините во северозападните делови врнежите ќе поминуваат во снег. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер, кој во текот на ноќта ќе го смени правецот во северен.Највисоката температура ќе се движи во интервалот од 10 до 16 степени.

И во Скопје претпладне че има магла и ниска облачност. Попладне облачноста ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Највисоката температура ќе достигне до 11 степени.

Утре времето ќе биде претежно облачно, студено и ветровито со врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во источните делови. На планините и повисоките места ќе се формира снежна покривка. Ќе дува на повеќе места засилен северен ветер и ќе предизвика опаѓање на дневната температура на воздухот која ќе се движи во интервалот од три до девет степени.

И во вторник ќе биде студено и ветровито, претпладне во источните делови со повремен слаб снег.

Слични содржини