Најубавите плажи на Тајланд што гарантираат магичен одмор

од desk2

Тајланд одамна е една од најомилените дестинации за годишни одмори, уживање на сонце и фантастични плажи, а оние кои ќе одлучат таму да патуваат, ќе ги дочека бел песок и кристално чиста вода.

Тајланд има 8.000 км брег, па изборот е огромен. Фантастичните плажи нудат многу барови и спортски активности.
Ви донесуваме дел од нив.

Плажата Рилеј, Краби


Оваа плажа е меѓу најпривлечнитe, поседува карпести делови и е вистински хит меѓу оние кои бараат авантура. Тие може да се качуваат по околните пештери, а ќе ги дочека поглед на море.

Плажата Сансет, Кох Липе


Плажата го добила името по неверојатните зајдисонца кои може да ги набљудувате, а позната е по романтичната атмосфера. Посетителите уживаат во прошетките во вечерните часови, како и во храната која ја подготвуваат локалните ресторани.

Плажата Андаман, Кох Јум


Таа изгледа како рај, нуди спектакуларни погледи и убави бунгалови, кои се нижат солж брегот. За пристап до оваа плажа туристите треба да се помачат, но дефинитивно вреди да се посети затоа што ќе бидете подалеку од градските гужви.

Плажата Санрајз, Кох Липе


Оваа плажа е совршена за уживање на сонце, нуркање и релаксација во тиркизна вода. Ноќите се полни луѓе и се одржуваат забави карактеристични за Тајланд. Туристите може да уживаат во спектакуларните изгрејсонца.

Плажата Маја, Кох Фи Фи


Плажата Маја позната ја направи актерот Леонардо ди Каприо, кој во 200 година го сними филмот „плажа“. Има бел песок и стрмни ридови. Поради својот статус секогаш е полна со туристи.

Плажата Клуаи, Кох Куд


Се работи за мала плажа богата со зеленило, а на тајланд важи за едно од најмирните места за домор затоа што туризмот е речиси неразвиен. Морето е кристално чисто, плажата песочна и карпеста, па е идеална за бегство од секојдневието.

Плажата Лонг бич, Кох Ланта


За оние кои на тјланд одат со деца, плажата Лонг Бич не смеат да ја пропуштат, затоа што таа нуди бројни активности и забавни содржини за деца, така што целото семејство може да ужива. Сигурноста е на високо ниво, а песочната плажа сп златна боја се протега со километри.

Слични содржини