Најважното и најтешко помина, сега потписите за СДСМ се маса кај Ахмети!

од Vladimir Zorba

Во ДУИ е прифатена верзијата на законот за албански јазик, изјави портпаролот на ДУИ по вчерашната седумчасовна седница на централното претседателство на партијата. Приближени се ставовите со СДСМ.Сега се е  во рацете и на маса кај лидерот Ахмети, рече Османи.

„Претседателството на ДУИ ги исцрпи сите аргументи во однос на законот за јазикот, и на крај едногласно даде согласност за текстот на овој закон. Го завршивме овој дел од дебатата и утре ќе почнеме со останатите делови за можната хармонизација на една заедничка платформа за заедничко владеење. Заокружена  е една значајна фаза. Има прашања кои треба да се дискутираат, евентуално за хармонизација на платформите, за начинот на заемната поддршка. Исто така има и други теми, кои ќе се отворат во петок на уште една седница на претседателството на партијата. Значајно е дека денес заокруживме една значајна фаза од овој процес“, изјави синоќа Османи.

Најавено е  за дека денеска ќе се сретнат претставници на преговарачките тимови на СДСМ и на ДУИ, до допрецизираат не кои детали во усогласената рамка.

ПРЕТСЕДАТЕЛСТВОТО НА ДУИ РЕШИ- ПАТОТ ЗА КОАЛИЦИЈАТА СО СДСМ Е РАСЧИСТЕН!

Она што во овој момент може да се каже, е дека таа верзија е целосно во рамките на Уставот. Има одредени проширувања во однос на употребата на албанскиот јазик, но тие не излегуваат од уставните рамки“, изјави за Дојче веле висок функционер на ДУИ, но не обелодени детали од прифатените решенија.

Централното претседателство на ДУИ го овластило Али Ахмети, претседателот на ДУИ, да ја  донесе конечната одлука за потписите на пратениците на ДУИ.

Готово е! Нова ВЛАДА во наредните неколку дена!

Седницата на Централното претседателство, која траеше повеќе од седум часа и заврши во еден часот по полноќ, ново продолжение ќе има во петок. ЗА тогаш се очекува и официјалното обелоденување на одлуката  на Ахмети за новата коалиција во владата на Зоран Заев.

Слични содржини