Наков: Судиите не смеат да замижат пред фактите

од Vladimir Zorba

Фактот што скопскиот Кривичен суд засега ги одбива сите притвори кои ги бара СЈО е само повторна потврда за селективноста на правдата. Така мисли поранешниот обвинител Александар Наков, откако голем дел од 18-те барања за притвор на Катица Јанева, едно по едно се отфрлени, информира АлсатМ.

„Кога станува збор за мерката притвор морам да спомнам дека во судството постојат два аршини. Два аршини во смисол на тоа кој го прави предлогот за определување на мерката притвор. Дали го прави СЈО или редовното обвинителство. Во првиот случај сите барања се одбиени или заменети со некоја друга мерка. Ако пак барањето е поднесено од редовното јавно обвинителство во тој случај скоро 99 посто се прифатени предлозите за мерка притвор“, вели Наков.

Но, дали може да се говори и за одговорност кај судиите кои носат вакви одлуки? Според Наков, делителите на правдата имаат широко право на слободно судиско убедување, но тоа не значи и дека имаат право да замижат пред доказите. Тој смета дека може да се говори дури и за потенцијална кривична одговорнот, особено кога се прекршуваат итните рокови за одлучување во вакви случаи.

Целиот текст можете да го прочитате тука

Слични содржини