Намален бројот на магистри на науки и специјалисти во 2016 година

од Vladimir Zorba

Во 2016 година звање магистер на науки и специјалист стекнале вкупно 2021 лице, што е намалување за 17.2 проценти во однос на 2015 година. Од вкупниот број, 1881 или 93.1 проценти се магистри и 140 или 6.9 проценти се специјалисти.

Како што соопшти Државниот завод за статистика, од вкупниот број лица кои минатата година стекнале научен степен магистер на науки, 58.9 проценти се жени.

Најголем број од магистерските трудови, односно 1198 или 63.7 проценти, се од областа на општествените науки, 20.9 отсто од областа на техничко-технолошките науки, а останатите се од областа на хуманистичките, природно-математичките, биотехничките и медицинските науки./a1on

Слични содржини