Намалена висината на Апенинскиот срт по земјотресите во Италија

од Vladimir Zorba

Висината на планините во центарот на Апенинскиот срт е намалена за околу 40 сантиметри како резултат на земјотресите во Италија во последните два месеци, информира ТАСС.

Агенцијата пренесува соопштение на италијански експерти од Институтот за геофизика и вулканологија. Според нив, тоа се случило по природните катастрофи, кои го удрија централниот дел на земјата на 24 август и на 26 октомври.

apennines

Покрај тоа стручњаците претпоставуваат дека силниот земјотрес со интензитет од 6,5, што го потресе утринава централниот дел на Италија, беше резултат на континуираната сеизмичка активност, која започнала на 24 август. Тогаш беше регистриран подземен потрес со интензитет 6,0 во реонот на градовите Аматриче, Акумоли и Аркуата во централниот дел на Апенинскиот срт.

За последните два месеци во Италија имаше три силни земјотреси. Првото, на 24 август, зеде околу 300 жртви. На 26 октомври два подземни потреси – со јачина од 5,4 и 5,9, предизвикаа материјална штета во голем број на градови, но немаше жртви. Благодарение на тоа дека населените места таму беа целосно евакуирани, денес исто така беа избегнати жртви.

Слични содржини