Нанороботи се вклучуваат во борбата против ракот

од desk2

Во иднина во борбата со ракот може да се вклучат и нанороботи. Научниците од центарот за иновативни технологии на Philips во Хамбург развиваат нанороботи, кои можат да стигнат до канцерогените клетки во телото, соопштува интернет изданието на Live Science.

Микроскопските роботи се управуваат преку магнетни бранови. Карактеристично во случајот е дека научниците откриле начин како да управуваат поединечно секој робот во голема група. За манипулациите се потребни повеќе нанороботи, но досега тие реагираа на ист начин на магнетните бранови.

Новиот метод овозможува прецизно управување на секој робот одделно преку шалче но различни по сила магнетни полиња. Тоа значи дека роботите можат да се користат за испорака на лек до секоја клетка на ракот, но да се пропуштаат здравите клетки. На овој начин лекот што роботите ќе го носат со себе, ќе ги нападне и убие само канцерогените клетки, но ќе ги зачува здравите. Ова ќе ги намали несаканите ефекти од лекувањето.

Методот може да се користи и за други комплексни манипулации во телото. На долг рок една од можностите дури е создавање на импланти, кои ќе го модифицираат процесот на оздравување на пациентот. Ова ќе им овозможи на имплантите да се наместат подобро во телото.

Слични содржини