Напад во Хамбург, еден убиен во маркет

од desk2

Едно лице загина а уште неколку се повредени во напад што се случил во супермаркет во германскиот град Хамбург, соопшти тамошната полиција, пренесува BBC.

Фото: Bild

Хамбуршката полиција на Twitter објави дека уапсен е еден осомничен, но дека е прерано да се соопштат мотивите за нападот.
Весникот Bild јави дека луѓе во супермаркетот внатре се избодени. Објави и фотографија од човек облеан во крв, за кој се претпоставува дека е напаѓачот.

Нападот се случил на аголот од улиците Fuhlsbüttler и Hermann-Kauffmann.
Полицијата ги предупреди граѓаните да не се приближуваат таму.

Слични содржини