Напади против Викторија Бекам за анорексичен модел

од desk4

Модната дизајнерка Викторија Бекам беше подложена на остра критика поради користењето на млада манекенка со анорексични изглед во нејзината нова рекламна кампања за очила, соопшти “Њујорк тајмс”.

За промоцијата на очилата со правоаголни рамки се користат услугите на 29-годишната манекенка од Литванија Гидре Дукаускајте. Таа е облечена во бледорозова тоалета, кој буквално виси на неа и заради болно слабто нејзино тело. Според многу надворешни белeзи , Гид изгледа како анорексична.

Нејзиниот имиџ предизвика многу негативни коментари на Твитер адресата на Викторија Бекам.

Таа беше обвинета за пропаганда на анорексија. А познатиот телевизиски презентер Пирс Морган напиша на својот профил дека дизајнерката треба да се засрами.

“Не се мисли каков ефект ќе има оваа промоција врз тинејџерите!”, истакна Морган.

“Моделот личи на млада со тешка форма на анорексија, и тоа е лице на летната колекција на очилата VBEyeware. Токму поради ваквите случаи секое истражувањето спроведено во социјалните мрежи во врска со рекламите, констатира дека менталното здравје на тинејџеритеа е ужасно загрозено “, напиша писателката Аманда Форман.

Слични содржини