Украинските воени сили соопштија дека продолжува кршењето од страна на сепаратистите на договорите за прекин на огнот во источна Украина, но во последните неколку дена тие сепак се намалени, објави “Асошиејтед прес”.

430x330

 

Портпаролот на украинската армија Анатолиј Стелмах изјави на прес-конференција дека проруските сепаратисти пукале два пати ноќе на селото Попасна и дека исто така продолжуваат да се обидуваат да ги заземат украинските позиции во село Широкино, во близина на стратешкиот пристанишен град Мариупол.

Вкупно биле регистрирани 19 артилериски напади, додаде Стелмах.

“За втор ден ние го гледаме намалување на бомбардирањето”, изјави Стелмах и додаде дека во изминатиот ден не се забележани прекини на огнот.

Украинските власти соопштија дека нема да започнат со повлекувања на тешките оружја во рамките на мировните договори, додека примирјето категорично не се почитува. Сепаратистите објавија во вторникот дека почнаа со повлекувањето на оружјето. Нивното тврдење засега не може да биде потврдено.

Слични содржини