Нападите во Париз, кои убија 129 луѓе и ранија повеќе од 350, покажуваат дека војната во Сирија и Ирак не може да биде ограничена.

паризз

Нападите во Париз, кои убија 129 луѓе и ранија повеќе од 350, покажуваат дека војната во Сирија и Ирак не може да биде ограничена само до овие две земји. Фактот дека одговорноста за нападите ја презеде групата Исламска држава, ќе поттикне уште посилно западните држави да се обидат да најдат решение и да престане конфликтот. Но, тоа неизбежно ќе ги зајакне и политичките несогласувања за начинот за справување со приливот на бегалци, за судбината на сирискиот претседател Башар Асад и соодветноста од вооружена интервенција по копно.

Тоа не е само војна на идеи, смета Патрик Скинер, поранешен офицер на ЦИА, а сега советник за прашањата на безбедноста. Првите податоци од истрагата покажуваат дека нападите во Париз се токму она од што експертите стравуваат и дури очекуваа-радикализирани екстремисти во Сирија, кои се враќаат во родните земји, за да вршат напади.

Масакрот  не е изненадување.

Не може оваа ситуација да постои со години, без да дојде до такви напади, изјави Скинер за АФП. Неизбежно е и се случи . Франција според мислењето на експертот располага со првокласни антитерористички јадра, но дури и таа не можеше да ги  открие групичките од половина дузина мажи, која  ја изврши серијата комплексни напади. Салман Шаих, поранешен директор на центарот Брукингс во Доха, кој основа своја консултантска компанија, разговарал со француските власти часови пред нападите. Франција, потсетува тој, опстојува најмногу на  цврстата позиција меѓу западните земји за Башар Асад, главната причина за хаосот во Сирија,  и го застапува принципот дека сирискиот претседател мора да си оди.

Но, по петокчното  крвопролевање и откако ИД ја презеде одговорноста за нападите, не е исклучено Париз и Вашингтон на  тенденција на компромис и да признаат дека Асад можеби е помалото од двете зла. Тоа може и да се добие, вели Шаих. Но не сум целосно сигурен, бидејќи Франција има многу тврда позиција по прашањето и не сака да ја следи Русија – главниот сојузник на Дамаск, која сака Асад да остане на функцијата и повици за период на политички транзиција.

сиријаСирискиот конфликт не може да биде ограничен, тој мора да се реши  и не само воено, туку и политички, додава експертот. Нападот против рускиот авион во Египет и последните напади во Бејрут и Анкара се илустрираат како конфликтот во Сирија и Ирак е на пат да се прошири. Шаих стравува дека групата Исламска држава не може да биде поразена пред арапските сунитски државни групи  – непријатели на Асад нема да се уморат од злосторствата на ИД а и да се приклучат конечно кон војната против џихадисти. Исламската држава  нема да  се соочи со тешкотии, пред групите на сириската опозиција да се обединат против неа, туку  за сега тие повеќе се обидуваат да преживеат под руските бомбардирања, истакнува Шаих.

Случајност или не – атентатите беа извршени токму пред состанокот во Виена меѓу 17-те земји, кои ќе се обидат да најдат политичко решение на конфликтот. Коалицијата против ИД  би можела да се пофали со неколку добри погодоци – можното искоренување на џелатот-џихадист Џон и неговиот началник во Либија Абу Набил, како и со заземањето на ирачкиот град Синџар од курдските сили. Се наметнува  сепак европските земји да се справат со огромни проблеми во безбедноста, плашејќи се од “волци-единаци” или од изолирани јадра, кои може да ги удрат секој момент. Токму тоа  и го сакаа терористите, тие не сакаа да се зборува за Синџар или за смртта на џихадистот Џон, забележува Скинер.

Борбата да се промени оваа реалност неизбежно ќе бидам многу долготрајна и ќе има уште многу трагедии  како онаа во Париз, претскажува Ентони Кордесман од Центарот за меѓународни стратешки студии во анализа, објавен вчера. Реална победа може да дојде само по години реформи во исламскиот свет и со надворешна помош, за да се формираат влади кои управуваат благодарение на своите успеси, а не преку репресија, додава тој. Сега на европските метрополи ќе треба да се занимаваат со безбедноста и миграционите политики и ќе бидат принудени да извршат големи промени. Слични принудни решенија не секогаш се во најдобра насока, но заканата е реална: Ова не е егзистенцијална закана, туку  многу сериозна закана, вели во заклучокот Скинер. / АФП

Слични содржини