Нападната млада жена во Истанбул, носела кратки панталони за време на Рамазан

од desk3

Турска студентка беше нападната од млад човек во автобус во Турција поради тоа што носела кратки панталони за време на Рамазан, соопшти “Хуриет дејли њу”. Турските медиуми ја објавија снимката од нападот на којa се гледа како мажот станува од задното седиште и ја удира по главата. 

На снимката се гледа како студентката станува за да го праша зошто,  но тој ја удира уште посилно и таа одлетува наназад, но успева да се задржи за едно од седиштата во автобусот. Потоа напаѓачот се симнува од автобусот, таа вика по него и паѓа на земјата.

“Хуриет дејли њуз” објави дека инцидентот се случил во истанбулскиот кварт Пендик на 14 јуни. Според информациите идентификуваниот маж  Ерџан К. ја прашал студентката Мелиса Саглам како не и е срам да се облекува на тој начин за време на светиот за муслиманите месец Рамазан.

 

Слични содржини