Маскирани со безбол палки ги нападнале бегалците,сместени во Визмар во покраината Мекленбург, при што две лица се повредени, јавуваат денеска германските медиуми.

Immigrants-police-Germany-608457

Инцидентот се случил синоќа кога двајца Сиријци додека стоеле пред кампот без никаков повод биле нападнати од маскирани луѓе, вооружени со безбол палки.Повредените се пренесени во болница.

Напаѓачите побегнале, а полицијата засега безуспешно трага по нив.

Во Германија зачестија нападите на бегалците, а министерот за внатрешни работи Томас де Мазиер изрази загриженост бидејќи до октомври биле извршени 490 кривични дела и напади на бегалски домови.

-„Тоа е брука за Германија. Насилство и омраза не смее да се толерира.“-рече Мезиер.

Слични содржини